22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси: Повредите не смеат да бидат алиби за Баерн

Меси: Повредите не смеат да бидат алиби за Баерн

mesi 33

Најдобриот играч на Барселона, четирикратниот освојувач на „Златната топка“, изјави дека Баерн не може да бара алиби во повредите на Робен, Рибери и Алаба. Барселона и Баерн, денес ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

„Знам дека имаат повредени играчи, но за клуб каков што е Баерн тоа не треба да биде алиби. Не знам кој е фаворит и прашање е дали воопшто има фаворит на овој меч. Не сме во топ форма, секогаш играме на победа и сакаме со позитивен резултат да патуваме на реваншот“, рекол Меси во пресрет на натпреварот со Баерн на чија клупа седи поранешниот предводник на Барса, Пеп Гвардиола.

„Никогаш не сум ги споредувал тренерите, но и двајцата, Енрике и Гвардиола, сакаат да градат тимски дух и да бидат блиски со играчите. Она што го постигнав со Гвардиола е брилијантно, многу научив од него“, дополнил Аргентинецот.

Актуелниот тренер на Барселона, Луис Енрике, го следи патот на својот поранешен соиграч и пријател Гвардиола. Енрике ја презеде капитенската лента во Барселона кога Гвардиола си замина од клубот, во 2008-ма година тој на чело на Б тимот го наследи токму Гвардиола.

„Со доаѓањето на Гвардиола, Баерн го смени стилот на игра, успеа да вметне нешто свое. Не размислувам на темата дека ние мора да го победиме Пеп, туку мора да го елиминираме Баерн. Мислам дека ова во моментов е најатрактивниот двобој во Европа. Тешко е да се биде подобар од Барселона во две средби, но верувам дека така размислуваат и во Баерн“, рекол Луис Енрике.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП