23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола се враќа на „Ноу Камп“

Гвардиола се враќа на „Ноу Камп“

barmun

Барселона и Баерн Минхен, денеска ќе го одиграат својот прв полуфинален натпревар во Лигата на шампионите, воедно Пеп Гвардиола прв пат во кариерата ќе предводи тим против „својата“ Барселона со која за четири години ги освои сите можни трофеи во клупскиот фудбал.

„Барселона е важен дел од мојот живот, порано таа ми беше се во животот, но овде дојдов да победам. Не можам а да не се сетам на некои работи. Порано или подоцна ќе мораше да се случи да се сретнам со Барселона. Меси ќе ни биде голем проблем, начинот на кој игра е таков што ниту една одбрана не може да го задржи. Незаприлив е во последните три-четири месеци. Против таков тален не можете да се одбраните“, рекол Гвардиола.

Барселона во овој полуфинален меч ќе бара одмазда за поразот во двомечот, во оваа иста фаза во 2013-та година. Тогаш „баварците“ под тренерската палка на Јуп Хајнкенс славеа со вкупни 7:0, а подоцна и ја освоија титулата.

Великаните на европскиот и светскиот фудбал во различно расположение го очекуваат првиот полуфинален двобој, Барса во вистински момент ја „фати“ формата триото Меси-Нејмар-Суарез делува застрашувачки на теренот. Барселона на последните 16 натпревари има само едно реми и дури 15 победи, а против Хетафе и Кордоба тимот постигна 14 голови.

Баерн е преполовен со повредите. Гвардиола и на овој меч нема да може да смета на тројца исклучително важни играчи (Алаба-Робен-Рибери), додека Левендовски најверојатно ќе игра и тоа со заштитна маска на лицето. Згора на тоа „баварците“ се елиминирани од националниот Куп, а во саботата загубија во првенството од Баер Леверкузен.

„Многу го почитувам Меси, тој е фантастичен играч. Сепак најважно ќе биде да го покажаме авторитетот на теренот. Јас морам на Меси да му покажам кој е газда, истото го направив во финалето на Светското првенство. Овој меч е финале пред финалето, наша цел е да бидеме таму. Пред две години доминиравме во мечевите против Барселона, но сега работите се поинакви. Меси сега не е повреден туку е во животна форма, а ние сме без неколку клучни играчи“, рекол најдобриот светски голман Мануел Нојер кој против себе ќе го има најдобриот напад во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП