Во март од „Apple“ претставија нов „MacBook“, кој е исклучително лесен и со многу добар ретина дисплеј. Се разбира, тој веднаш се најде во фокусот на најголемиот производител на лаптопи во светот – кинеската компанија „Lenovo“, каде претставија сериозен конкурент.
Експертите се уште се расправаат дали уред со еден порт и не особено задоволителен процесор е доволно добро решение. Затоа од „Lenovo“ побрзаа да претстават нов лесен ултрабук со многу порти и поголем екран. Моделот на „Lenovo“ се нарекува „LaVie Z“, а тој ќе е со тежина од 850 грама. За споредба, предводникот на „Apple“ е со тежина од 907 грама. Тежината на ултрабукот на „Lenovo“ ќе е малку потежок, во споредба со првично ветената тежина од 780 грама. Ниската тежина се постигнува благодарение на магнезиум-литиум куќиштето на уредот, што е за околу 50% полесно од традиционалното алуминиумско куќиште.
Уредот „LaVie Z“ ќе има два USB 3.0 порта, како и „HDMI-out“ порт, но и читач за „SD“ картичка. За да се приспособат на сите овие порти, од производителот жртвуваа дел од дебелината, па тој е дебел за 1,7 см во однос на дебелината на моделот „MacBook“ од 1.32 см. Малку поголема дебелина на сметка на присуството на нормални порти, сепак се очекува да е нешто што корисниците би им променило.
Моделот „LaVie Z“ е со новиот процесор „Intel Core i7“ со фреквенција од 2.40GHz, кој е подобар од „Intel Core M“ кај моделот „MacBook“. Последниот е со дизајн за ултрапреносливост што се покажа како недостаток кај новиот „MacBook“.
Лаптопот „LaVie Z“ доаѓа во две варијанти, поскапата која има екран осетлив на допир, овозможувајќи да се ужива во голема мера како таблет. Во однос на бројот на пикселите, „Apple“ може да се пофали дека имаат подобар, затоа што кај нив има 226 пиксели на инч спрема 220 за „Lenovo“.
И двата модела на кинескиот производител сепак се со 13,3-инчен дисплеј наспроти 12-инчниот на „Apple“. Моделите „LaVie Z“ се со цени од 1.500 и 1.700 долари, додека двете варијанти на „MacBook“ се со цени од 1.300 и 1.600 долари.