16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТужба за 5 млн долари поднесена за боксерот Пакјао

Тужба за 5 млн долари поднесена за боксерот Пакјао

manu-pakjao

Тужбено барање на износ од 5 милиони американски долари за филипинскиот боксер Мани Пакјао е поднесено во окружниот суд во американскиот град во Лас Вегас, пренесуваат тамошните медиуми.

Во саботата во Лас Вегас Ману Пакјао со едногласна одлука на судиите беше поразен од американскиот боксер Флојд Мајведер во мечот за обединување на титулите во верзиите на Светската боксерска асоцијација (WBA Super), Светскиот боксерски совет (WBC) и Светска боксерска организација (WBO).

Подоцна беше објавено дека Пакјао имал повреда на рамото три до четири седмици пред борбата, а кон крајот на седмицава на Филипини ќе биде подвргнат на операција, поради којашто нема да може да тренира најмалку шест месеци. Вообичаено, пред мечот двајцата борци ги пополниле прашалниците вклучително и со прашањето за повреди, на што Пакјао одговорил дека не е повреден.

Колективното тужбено барање во судот го поднеле двајца жители од округот Кларк, во американската сојузна држава Невада, пишува порталот 8newsnow.com. Тужителите сметаат дека при определувањето на цената на билетите, телевизиските преноси, како и при определувањето на влоговите за обложувањето, тие биле одредени врз основа на неточни податоци. Како отштета, тие бараат 5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП