7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус славеше над Реал

Јувентус славеше над Реал

APTOPIX Italy Soccer Champions League

Фудбалерите на Јувентус славеа над Реал Мадрид со 2:1 (1:1) во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Алваро Мората и Карлос Тевез беа стрелци за ‘старата дама’, додека Кристијано Роналдо го постигна голот за Реал.

Двата тима на „Јувентус арена“ имаа свои периоди во играта кога повеќе ја контролираа топката, но интересно со исклучок на постигнатите голови Јувентус и Реал имаа по само една стопроцентна шанса за постигнување на гол. Реал во финишот на првото полувреме преку Родригез ја погоди гредата, додека во судиското надополнување на времето во вториот дел Љоренте од непосредна близина само му ја додаде топката на Касиљас.

Иницијативата на стартот од натпреварот Јуве ја круниса со гол, ударот на Тевез го одбрани Касиљас, а одбиената топка Мората ја спроведе во мрежата.

Младиот Шпанец е седмиот поранешен играч кој постигнал гол против ‘кралскиот клуб’ – претходно истото го сторија Иван Заморано, Фернандо Мориентес, Жулио Цезар, Аријен Робен, Весли Снајдер и Клас Јан Хунтелар.

По примениот гол Реал ја преседе контролата врз играта, што резултираше со израмнувачкиот гол на Кристијано Роналалдо. Карвахал и Родригез ја пробија десната страна на одбраната на Јувентус, Колумбиецот атрактивно нафрли, а Португалецот од непосредна близина со глава го совлада Буфон.

Роналдо го постигна својот 76-ти гол во 96-от натпревар во Лигата на шампионите, тој има еден гол повеќе од Лео Меси.

Вториот дел стартуваше со притисок на Јувентус, чии играчи топата целосно ја префрлија на половината на противникот. Сепак од контранапад Јуве стигна до нова предност, по еден корнер на Реал контра повлече Тевез кога влезе во шеснаесетникот Карвахал го сруши, а пеналот Аргентининецот го претвори во гол.

Реванш натпреварот во Мадрид ќе се одигра на 13.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП