5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПакјао ќе подари половина од парите

Пакјао ќе подари половина од парите

MP 33

Филипинскиот боксер, Мани Пакјао, половина од парите кои ги заработи од борбата со Флојд Мејведер ќе ги донира во хуманитарни цели. Пакјао во неделата загуби на поени од Мејведер, а од „борбата на векот“ заработи 120 милиони американски долари.

Пакјао е познат по својата хуманитарна работа и често потсетува дека никогаш не го заборава фактот дека потекнува од многу сиромашно семејство.

„Сигурно е дека половина од парите кои Мани ги заработи ќе одат во хуманитарни цели. Едноставно тој така функционира. Не сакаме дополнително да говориме на оваа тема, бидејќи многу хуманитарни организации бараат дополнителни пари“, соопшти промоторот на Пакјао, Боб Арум.

За разлика од Пакјао, неговиот ривал Мејведер, кој заработи 180 милиони американски долари, не помислува да подари барем нешто од своите пари, тој најчесто се фали со своето богатство.

Пред борбата во Лас Вегас изјави дека парите му се поважни од самиот меч, бидејќи мора да „ги нахарини своите ќерки“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП