3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРочести го освои трофејот „Алфонсо Форд“

Рочести го освои трофејот „Алфонсо Форд“

taylor-rochestie-nizhny-novgorod-eb14

Првиот трофеј во кошаркарската Евролига во сезоната 2014/2015 му припадна на Тејлор Рочести. Американецот со црногорски пасош го освои трофејот „Алфонсо Форд“ кој е наменет за најдобриот стрелец во Евролигата.

Рочести сезонава го предводеше тимот на Нижни Новгород до Топ 16 фазата со учинок од 18,9 поени на 21 одиграни натпревари. Втор на листата на најдобри стрелци е Бобан Марјановиќ (Црвена Ѕвезда) со 16,6 поени, трет Ендрју Гаудлок (Фенербахче) со 16,4 поени.

Трофејот кој е наменет за најдобриот стрелец го носи името на Алфонсо Форд кој во септември 2004-та година почина од леукемија. Форд како играч на Олимпијакос и Монтепаски два пати бил најдобар стрелец во Евролигата.

Наградата која го носи името на Форд се доделува од 2005-та година, а добитници биле Чарлс Смит (2005), Дру Николас (2006), Игор Ракочевиќ (2007, 2009, 2011), Марк Сејлерс (2008), Линас Клеиза (2010), Лестер Бо Мекејлеб (2012), Боби Браун (2013) и Кит Ленгфорд (2014).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП