20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките У-19 во група со Русија, Германија и Литванија

Ракометарките У-19 во група со Русија, Германија и Литванија

rakometarki mladi

Женската репрезентација на Македонија, ракометарки до 19 години, ги доби противниците против кои ќе игра во фазата по групи на Европското првенство кое ќе се одржи летово.

Младите македонски ракометарки ќе се натпреваруваат во Б групата заедно со Русија, Германија и Литванија. Пласман во наредната рунда, односно во четвртфиналето, ќе изборат по две најдобри селекции од секоја група.

Група А: Данска, Хрватска, Црна Гора, Србија

Група Б: Русија, Македонија, Германија, Литванија

Група Ц: Шведска, Романија, Унгарија, Франција

Група Д: Португалија, Норвешка, Шпанија, Белорусија

Европското првенство за ракометарки до 19 години ќе се одржува во Валенсија од 23-ти јули до 2-ри август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП