5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПакјао боксувал повреден, може да биде казнет

Пакјао боксувал повреден, може да биде казнет

mani pani

Филипинецот Мани Пакјао во „борбата на векот“ во која противник му беше Флојд Мејведер, боксувал повреден. Повеќекратниот светски првак во велтер категорија наводно ќе мора да го оперира десното рамо.

Според шпекулациите, Пакјао го повредил рамото три недели пред борбата вредна 300 милиони долари, во која загуби од Мејведер со едногласна одлука на судиите.

Доколку го оперира рамото, Филипинецот ќе отсуствува од боксерските арени најмалку една година.

Сепак многу поголем проблем за Пакјао преставува казната која му се заканува бидејќи не пријавил дека е повреден. Во пресрет на борбата со Мејведер тој негативно одговорил на прашањето дали има некаква повреда.

„Ќе го истражиме ова, ќе собереме информации. Како одговорна комисија сакаш од боксерот редовно да добиваш информации“, рекол Франсиско Агилар, членот на Спортската комисија на Невада.

Пакјао по мечот открил дека не можел да удира со десната рака поради „сериозната“ повреда на рамото, која дополнително му се влошила во четвртата рунда, кога и единствено успеа да ја погоди главата на противникот.

Промоторот на Филипинецот, Боб Арум, издал соопштение во кое истакнува дека повредата и била откриена на американската анти-допинг агенција, но дека не е познато дали Филипинецот добил дозвола да употреби инјекции против болки.

Тренерот на Пакјао по мечот рекол дека било одбиено барањето за инјекции, дека тимот размислувал да ја одложи борбата, но дека како времето одминувало Пакјао бил задоволен како се чувствува.

Наводно тимот на Филипинецот на два часа пред почетокот на мечот побарал дозвола за употреба на инјекциите против болка, што било одбиено бидејќи повредата не била докажана од страна на Спортската комисија на невада и Американската анти-допинг агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП