26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Трипл дабл“ на Грифин во Хјустон

„Трипл дабл“ на Грифин во Хјустон

grifin 222

Екипата на ЛА Клиперс славеше во Хјустон со 117:110 во првиот меч од полуфиналната серија во Западната конференција во НБА лигата. Клиперси играа без својот најдобар играч Крис Пол, но Хјустон немаше решение за Блејк Грифин кој со „трипл дабл“ (26 поени, 14 скокови, 13 асистенции) го предводеше својот тим.

„Кога го нема Крис тогаш сите мораме да ја преземaм одговорноста. Ова не нешто што може да го сработи само еден човек. Доколку ја погледнете статистиката ќе видите дека победивме со тимска игра“, изјавил Грифин.

Покрај Грифин уште петмина кошаркари на Клиперси постигнаа двоцифрен број на поени: Џамал Крафорд (21 поен), Мет Барнс (20 поени), Џеи Џеј Редик (17 поени), Остин Риверс (17 поени), Деандре Џордан (10 поени, 13 скокови, 5 асистенции, 4 блокади).

Хјустон го предводеше Двајт Хауард со 22 поени и 10 скокови, додека Џејмс Харден имаше учинок од 20 поени, 12 асистенции, 5 скока, 4 украдени и 9 загубени топки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП