20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Брејк“ на Чикаго во Кливелнд

„Брејк“ на Чикаго во Кливелнд

derek 33

Чикаго Булси, предводени од Дерик Роуз, славеа во Кливленд со 99:92 и поведоа во полуфиналната серија, во Источната конференција, со 1-0.

Роуз потсети на деновите кога беше МВП во лигата, пред да започнат проблемите со повредите на колената, тој мечот го заврши со 25 поени, 5 скока и 5 асистенции.

„Ја почитувам секоја секунда, враќањето на теренот, аспектот на кошарката. Таа ми овозможи да го сменам својот и животот на моето семејство. Многу му должам на овој спорт“, кој поради честите повреди во изминатите три сезони пропушти 180 натпревари.

Покрај Роуз, одличен меч во Кливленд одиграа и Пау Гасол (21 поен, 10 скока, 4 асистенции) и Џими Батлер (20 поени, 6 скока, 5 асистенции, 3 украдени топки).

Кливленд го предводеше Кајри Ирвинг со 30 поени, Имам Шамперт постигна 22, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 19 поени, 15 скокови, 9 асистенции, 3 украдени и 6 загубени топки.

За Кливленд на овој меч не играа двајца од стартната петорка, Кевин Лав поради повреда ја заврши сезоната, додека Џеј Ар Смит не настапи поради суспензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП