11 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБингам ја освои светската титула во снукер

Бингам ја освои светската титула во снукер

bingam 33

Англискиот снукер играч, Стјуарт Бингам е новиот светски првак, откако во финалето го совлада сонародникот Шон Марфи со 18:15 во фрејмови.

Бингам, за кого ова беше прво финале, на патот до титулата успеа да совлада тројца поранешни светски шампиони, а во полуфиналето беше подобар од најголемиот фаворит Џад Трамп. Претходно тој славеше над Роби Вилијамс, Грејем Дот и над петкратниот светски првак Шон Марфи.

За триумфот во финалето Бингам доби чек на 300.000 фунти, а на најновата ранг листа ќе се искачи на второто место, веднаш зад минатогодишниот шампион Марк Шелби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП