8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКари е МВП на сезоната (видео)

Кари е МВП на сезоната (видео)

94239508255471e774b8dd726533668_640x426

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стефон Кари, официјално е прогласен за најдобар играч во НБА лигата во сезоната 2014/2015. Кари е вториот играч на Вориорс кој го добил ова престижно признание по Вилт Чембрлен во 1960 година кога франшизата беше во Филаделфија.

Кари го предводеше својот тим до најдобриот резултат во лигата (67-16), со просек од 23,8 поени, 7,7 асистенции и 4,3 скока.

Плејмејкерот на екипата од Оукленд оваа сезона го собори сопствениот рекорд по бројот на постигнати тројки во една сезона (286).

Кари во изборот на навивачите и 129-те новинари од САД и Канада добил вкупно 1.198 поени. Зад Кари се најдоа Џејмс Харден суперстарот на Хјустон, Леброн Џејмс од Кливленд, Расел Вестбрук од Оклахома и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП