ПочетнаИНТЕРЕСНОЛевандовски тренираше со првиот тим на Баерн

Левандовски тренираше со првиот тим на Баерн

levandovski

Фудбалерот на Баерн Роберт Левандовски најверојатно ќе настапи во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампиони против Барселона, откако денеска тренираше со првиот тим.

Левандовски во сударот со голманот на Дортмунд Мичел Лангерак во полуфиналето од германскиот Куп се здоби со фрактура на вилицата и со потрес на мозокот, но брзо закрепна.

Послкиот фудбалер на профилот на Твитер кратко напиша „Се вратив“ со своја фотографија со заштитна маска на лицето.

Напаѓачот оваа сезона за баварскиот клуб во сите напреварувања одигра 44 натпревари и постигна 23 погодоци.

Баерн во среда ќе го игра првиот натпревар против Барселона на Ноу Камп, додека реваншот е на 12 мај на Алианц Арената.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП