22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти: Никогаш не сум го сакал Јувентус

Анчелоти: Никогаш не сум го сакал Јувентус

anceloti 33

Реал Мадрид во вторник во Торино против Јувентус ќе го одигра првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Реал од клупата го предводи Карло Анчелоти, кој во еден дел од својата кариера беше тренер на „старата дама“. Искусниот тренер пред натпреварот открива дека никогаш не се чувствувал пријатно во Торино.

„Никогаш не сум го сакал Торино. Таму има премногу гламур, неколку галаксии се над мојот начин на живот. Јувентус е тим кој никогаш не сум го сакал и нема да го сакам. Како тренер на Јувентус никогаш не се чувствував пријатно, а сите важни одлуки најчесто ги носеше Умберто Ањели“, изјави за шпански AS, Анчелоти.

Анчелоти на клупата на Јувентус беше во периодот од февруари 1999-та до јуни 2001-ва година, но тој никогаш не беше прифатен како дел од клубот од страна на навивачите. Тие секогаш Анчелоти го сметаа за непријател на клубот.

„За време на мојата прва недела на новото работно место, навивачите на ѕидот на мојата канцеларија напишаа: „Свињо ти не можеш да бидеш наш тренер“. Никогаш не ме прифатија. Во 1980-тите години играв за Рома, а Јувентус ни беше ривал, кога играв за Милан, Јуве ни беше најголемиот конкурент. Потоа бев тренер на Парма, а за титулата се боревме со Јувентус. На Јувентус можев да гледам за само како на непријател“, вели Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП