28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонт Еверест останува отворен за алпинистите

Монт Еверест останува отворен за алпинистите

Image (98)

Монт Еверест остана отворен за алпинистите, рече во понеделник висок функционер во непалското Министерство за туризам, и покрај тоа што лавините предизвикани од неодамнешниот разорен земјотрес уништиле голем дел од рутата кон самиот врв, највисок на светот.

Катастрофалниот земјотрес во Непал однесе над 7.200 животи, меѓу кои и на најмалку 18 алпинисти кои беа затрупани од голема лавина во базниот логор на Еверест.

Непал заработува илјадници долари од алпинистите и затоа му е тешко да донесе одлука дали треба официјално да ја затвори планината. Одлуката сè уште не е донесена и останува на алпинистите сами да решат дали ќе се качуваат или не.

Секој алпинист плаќа 11.000 американски долари за качување на Еверест, а 375 се регистрирани за оваа сезона на качување.

„Владата официјално нема да објави затворање бидејќи им дадовме дозвола на алпинистите“, рече Тулси Прасад Гаутам од Министерството за туризам во изјава за агенцијата Reuters.

„Рутата и натаму е оштетена и алпинистите во базниот логор мислат дека нема да биде скоро обновена. На алпинистите и на организаторите во базниот камп останува одлуката. Ние не бараме од нив да го сторат едното или другото“, рече Гаутам.

Тој минатиот четврток рече дека една екипа би можеле да ја поправи рутата низ опасно замрзнатиот водопад Кумба за една недела, во понеделник рече дека афтершоковите и натаму се чувствуваат на Еверест.

Највисоката планина на светот Монт Еверест се намали за 2,5 сантиметри по разорниот земјотрес, тврди непрофитниот геонаучен конзорциум UNAVCO. Ова тврдење се темели врз сателитски податоци, но официјална потврда на ваквата информација засега нема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП