29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДушко Ивановиќ повеќе не е тренер на Панатинаикос

Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Панатинаикос

Serbia Euroleague Basketball

Душко Ивановиќ по поразот на Панатинаикос во кошаркарското дерби од Олимпијакос ја напуштил клупата на „зелените“ од Атина.

Оставката на Ивановиќ со соопштение до јавноста ја потврдил и клубот.

„Панатинаикос објавува дека е раскината соработката со Душко Ивановиќ, на кого му се заблагодаруваме за придонесот кој го имаше оваа сезона“, се истакнува во соопштението.

Ивановиќ на клупата на ПАО седна на почетокот на сезоната, со тимот го освои Купот на Грција и стигна до четвртфиналето во Евролигата.

Ивановиќ кој во кариерата работел во неколку европски екипи, меѓу кои во Барселона и Лаборал Куча, се уште е актуелен селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП