8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНеофицијално: Стифeн Кари МВП на сезоната

Неофицијално: Стифeн Кари МВП на сезоната

kari 23

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стифен Кари, во текот на денот ќе биде прогласен за најкорисен играч (МВП) во тековната сезона во НБА лигата.

Како што пренесуваат сите водечки медиуми во САД, најдобриот играч на Голден Стејт, добил најмногу гласови од новинарите во САД и Канада, а официјалното соопштение на лигата за изборот се очекува во текот на денот.

Доколку неофицијалните информации бидат потврдени, Кари ќе стане првиот играч во 53-годишната историја на франшизата кој ја добил МВП наградата.

Кари во регуларниот дел од сезоната со просек од 23,8 поени, 7,7 асистенции и 4,3 скока го предводеше тимот до првото место на Западот и воопшто во лигата. Голден Стејт регуларниот дел од сезоната го заврши со скор од 67 победи и 15 порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП