19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го трампа Гетце за Гундоган!?

Баерн го трампа Гетце за Гундоган!?

gund getce

Германскиот шампион Баерн е подготвен да го врати Марио Гетце во Борусија Дортмунд и да го земе Илкај Гундоган од „жолто-црните“, информира „Билд“.

Гетце премина од „Сигнал Идуна Парк“ на „Алијанц Арена“ во текот на летото на 2013-та година, кога „баварците“ ја платија клаузула за ослободување од 37 милиони евра.

22-годишниот играч сепак се претставува доста неубедливо во оваа сезона. Сега од Баерн се подготвени да го вратат Гетце на Борусија и да земат Гундоган.

24-годишниот германски репрезентативец има договор со „жолто-црните“ до 2016-та година, но неодамна објави дека не размислува да го продолжи договорот со клубот.

Во исто време во Германија тврдат дека Борусија Дортмунд веќе имаат замена за Гундоган. Тоа е актуелениот играч на Реал Мадрид, Сами Кедира. Германскиот репрезентативец добро се познава со идниот тренер на „жолто-црните“ Томас Тухел, кој му бил ментор во младинската школа на Штутгарт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП