3 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 04.05.2015 до 10.05.2015

Неделен хороскоп – 04.05.2015 до 10.05.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Комплицираната ситуација на небото се пресликува и на вашиот приватен живот. Меркур, Венера и Јупитер имаат силно влијание врз вас, давајќи ви сила и шарм какви што не сте имале досега, искористете ја поволната ситуација на најдобар начин.

РАБОТА: Во деловниот дел од својот живот, мора да бидете особено внимателни со парите, со цел да не дозволите да ви се случи голема дупка во џебот која нема лесно да ја затворите. Не ја носете работата дома, барем одреден период, преоптеретени сте.

ЗДРАВЈЕ: Стресот ве уништува, најдете некој издувен вентил.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Престанете да ги критикувате драгите лица и станете покорисни за себе и за другите како личност која ќе дава конструктивни предлози и ќе ги решава проблемите. Истовремено, Венера сака да ве заврти и турне кон љубовта, послушајте ја.

РАБОТА: Новите идеи кои ви паѓаат на памет изгледаат прилично добро, но најдоброто е што тие навистина се одлични и можат да ви донесат пари. Не седете, направете нешто, но добро размислете со кого и како ќе навлезете во работата.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Оваа недела ви носи многу пријатни моменти и дополнително емотивно зближување со партнерот. Доколку не сте во врска, можно е да се појави шанса да запознаете привлечна линост од спротивниот пол.

РАБОТА: Компликациите на работа не се новост, но овој пат треба да бидете многу внимателни за да не се заплеткате во неповолни односи кои нема да можете лесно да ги решите, особено кога станува збор за финансиската страна.

ЗДРАВЈЕ: Малку повеќе сон и свежо овошје ќе ви ја поврати силата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Не би било лошо на некоја ситуација да и посветите повеќе време, бидејќи нешто неповолно ви се случува, а вие не забележувате. На овој начин ќе спречите следната недела да ви се случи непријатно изненадување.

РАБОТА: Ќе започнете да ги работите нештата кои долго време сте ги држеле на страна. Без оглед колку времето изгледа неповолно, вие ќе верувате во своите потези и ќе чекорите без страв.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Сонцето во Бик ве предупредува дека самите на себеси сте си најголем непријател кога се заслепувате со сопстена сила и моќ на уверување. Спуштете се на земја и погледнете околу себе, па покажете му на партнерот колку ви значи и колку всушност го сакате.

РАБОТА: Финансиските проблеми би можеле да ве освестат од зимскиот сон во кој досега бевте. Потребно е да се разбудите и да се зафатите со нешто посериозно. Некој пријател ќе ви даде лажни ветувања околу помошта која ја очекувате од него.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини и минерали.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Повеќе време со партнерот, тоа е она што ви е неопходно, затоа оставете ги нештата настрана и спасете си ја врската. Оние кои не се во врска во овој период ќе запознаат личност од спротивниот пол која ќе ги заинтересира, но набрзо ќе увидат дека погрешиле во проценките.

РАБОТА: Се наоѓате во тешка ситуација бидејќи самите сте дозволиле да имате преголеми и нереални очекувања. Вложените пари не ги очекувајте веднаш да се вратат, потребно е понапорно да работите. Побарајте совет од експерт.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Малку сте збунети, не ви е јасно дали врската во која се наоѓате ви значи или не. Ќе сакате да се однесувате како никој да не е важен освен вас, па затоа можни се компликации со партнерот.

РАБОТА: Работата совршено добро ви оди, парите се таложат во вашиот паричник, а во одлична состојба е и вашата штедна книшка. Поволен период во кој вашето работење и залагање одлично ќе бидат платени.

ЗДРАВЈЕ: Посветете и повеќе внимание на здравата исхрана.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Доста ви е од потценувањето и конфликтите, затоа искористете го овој период да размислите за вашите вистински чувства. Партнерот крие нешто од вас, а да бидеме искрени криете и вие од него. Ставете крај на нешто што го сметате за непотребно.

РАБОТА: Одлучни сте да чекорите тврдоглаво кон нешто што вие сте го нарекле успех. Добивате предупредувања од повеќе страни, но вие тврдоглаво чекорите само по вашиот замислен пат. Ова инаетење може да ги намали вашите средства во џебот.

ЗДРАВЈЕ: Доста добро, малку повеќе физичка активност добро би ви дошла.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Ви се насменува прилично активна недела, со многу случувања на романтичен план. Ќе давате и добивате љубов во секој момент. Одлично време за планирање на некој похрабар чекор во љубовта.

РАБОТА: За жал, во туѓи раце се конците од успехот во вашата кариера и вие не можете многу да направите за тоа прашање. Ви останува само да бидете трпеливи, постои можност работите да се завртат кон подобро.

ЗДРАВЈЕ: Одморот ви е навистина неопходен, пронајдете време за тоа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Време е да им ставите крај на кавгите кои се појавиле помеѓу вас и партнерот и малку пообјективно да размислувате. Не го осудувајте бидејќи можете да го загубите. Оние кои не се во врска, ова е неповолен период за пронаоѓање нова љубов.

РАБОТА: Толку сте ангажирани на приватен план што обврските во деловниот едноставно ќе ги игнорирате. Тоа ќе ви предивика финансиски проблеми кои можат да остават голема трага во вашиот живот.

ЗДРАВЈЕ: Исцрпени сте, повеќе не можете да го поднесете стресот, пронајдете начин да се релаксирате и одморите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Некоја симпатија од минатото наеднаш ќе се појави на вашата врата, а вие ќе се заплеткате и нема да знаете како да реагирате. Оние кои веќе се во врска ќе бидат многу чувствителни и бурно ќе реагираат на секој кажан збор од партнерот.

РАБОТА: Деловните обврски и задачи ќе ви создаваат пречки во напредувањето, но вашата упорност и смиреност ќе победи. Очекувајте поволна понуда која ќе ви донесе многу бизнис партнери и соработници.

ЗДРАВЈЕ: Добро, но сепак внимавајте на бубрезите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Се наоѓате во моменти исполнети со голема доза на љубов, романтика и ситни изненадувања од страна на партнерот кои го исполнуваат вашето срце. Оваа недела максимално ќе биде исполнета со пријатни заеднички моменти.

РАБОТА: Ќе сакате малку да избегате од работата и да ги запоставите обврските. Тоа ќе ви се исполни, но некој ваш колега ќе се налути бидејќи сите задачи сте му ги натовариле на грбот. Ова е период во кој едноставно нема да ви се работи.

ЗДРАВЈЕ: Одлично, продолжете со грижата за вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП