26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт доминантно до 1-0 против Мемфис

Голден Стејт доминантно до 1-0 против Мемфис

memphis-grizzlies

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс славеа убедливо над Мемфис со 101:86 и поведоа во полуфиналната серија во Западната конференција, во НБА лигата, со 1-0.

Вориорс со одличната игра во одбраната и за нив стандардно добрата реализација од поле го контролираа натпреварот од самиот почеток, на полувремето стекнаа предност од девет поени, а во третата четвртина стигнаа до позитива од 20 поени со која практично и го решија победникот.

Најефикасен кај победникот беше Стефон Кари со 22 поени, 7 асистенции и 4 украдени топки. Кари во следеа Клеј Томпсон (18 поени, 6 асистенции) и Дрејмонд Грин (16 поени).

Мемфис целосно потфрли во шутот за три поени (3/12), најефикасни во поразениот тим беа центрите: Марк Гасол (21 поен, 9 скока, 3 асистенции, 3 украдени топки) и Зек Рендолф (20 поени, 9 скока, 5 асистенции).

Мемфис на овој меч беа ослабени со неиграњето на стартниот плејмејкер Мајк Конли, кој се очекува да биде подготвен за настап во вториот меч кој ќе се одигра во вторник. Домаќин на втората средба повотрно ќе биде Голден Стејт.

Голден Стејт Вориорс на домашен терен имаат серија од 21 победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП