4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрејк на Вашингтон во Атланта

Брејк на Вашингтон во Атланта

hi-res-2fde4f31d4b95aa12bc2d8035fb74b38_crop_north

Кошаркарите на Вашингтон направија ‘брејк’ во Атланта и со победата од 104:98 поведоа во полуфиналната зарија во Источната конференција со 1-0. Вашингтон е единствениот тим оваа сезона кој сеуште нема пораз во плејофот, во првото коло Визардси славеа над Торонто со 4-0.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за нешто помалку од 20 минути игра имаше учинок од пет поени, исто толку скокови и една блокада.

Натпреварот во Џорџија беше решен во последниот период кога играчите на Вашингтон одиграа одиграа одлично во одбраната на колегите од Атланта им дозволија да погодат само четири од 26-те обиди од игра, а со поените на Џон Вол и Ото Портер во последните 30 секунди до крајот го решија победикот.

Шестмина играчи на Вашингтон постигнаа двоцифрен број на поени: Бредли Бил 28 поени, Пол Пирс (19 поени), Џон Вол (18 поени, 13 асистенции, 7 скока), Марцин Гортат (12 поени, 12 скока), Дру Гуден (12 поени), Ото Портер (10 поени).

Демар Керол со 24 поени беше најефикасниот играч на Атланта, додека со ‘дабл дабл’ мечот го завршија Ал Хорфорд (17 поени, 17 скока) и Пол Милсап (15 поени, 12 скока).

Следниот натпревар же се одигра во вторник, а повторно ќе биде Атланта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП