8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи ја освои Премиер лигата

Челзи ја освои Премиер лигата

chelsea-celebrate-150503-620

Фудбалерите на Челзи на три кола до крајот на сезоната во Премиер лигата ја обезбедија шампионската титула. ‘Сините’ во 35.коло славеа над Кристал Палас со 1:0 стекнувајќи недостижна предност пред конкурентите.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Еден Азар, Белгиецот изведе пенал голманот на Кристал Палас го одбрани неговиот удар, но одбиената топка повторно дојде до Азар кој успеа да погоди.

Челзи ја освои петтата шампионска титула во клупската историја, прва по 2010 година.

Инаку во вториот неделен натпревар Манчестер Сити славеше во Лондон над Тотенхем со 1:0. Кун Агуеро го постигна единствениот гол со кој го позиционира Сити на втората позиција, додека Тотенхем ги загуби и теоретските шанси за пласман на четвртото место.

Резултати:

Челзи-Кристал Палас 1:0

Тотенхем-Манчестер Сити 0:1

Лестер-Њукасл 3:0

Астон Вила-Евертон 3:2

Ливерпул-КПР 2:1

Сандерленд-Саутемптон 2:1

Свонси-Стоук 2:0

Вест Хем-Барнли 1:0

Манчестер Јунајтед-ВБА 0:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП