5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите повторно загубија од Франција

Ракометарите повторно загубија од Франција

Rakomet-1-624x440

Ракометната репрезентација на Македонија загуби и во вториот натпревар со Франција, одигран во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска. Во неделата Франција на домашен терен во Тулуз славеше над Македонија со 35:24.

За разлика од првиот меч одигран во Скопје кога Македонија до финишот имаше активен резултат, во Тулуз избраниците на Ивица Обрван пружија отпор само во почетните 15-тина минути. Франција на полувремето имаше предност од 17:10, во 45.минута резултатот беше 22:19 кога фаворитот со серија 13:5 стигна до убедлива победа.

Кире Лазаров со 10 гола ја предводеше Македонија, додека неговиот клупски колега Никола Карабатиќ со шест гола беше најефикасен кај Французите.

Следниот квалификациски меч Македонија ќе го одигра во Швајцароја на 10.јуни, а потоа во Скопје ќе ја пречека Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП