Преговорите за продажба на Милан меѓу Силвио Берлускони и купувачот Би Течаубол изгледа завршија и тајлнадскиот бизнисмен ќе се здобие со мнозинскиот пакет акции на клубот.
Според „Газета дело Спорт“, претставниците на сегашниот сопственик на „росонерите“ Силвио Берлускони дале зелено светло за финализирање на зделката.
Новиот сопственик на гигантот од Милано ќе е тајландскиот милијардер Течаубол, чии претставници беа информирани по телефон дека трансферот на акциите може да биде завршен во најкус можен рок.
Повикот е пристигна од раководниот одбор на компанијата „Фининвест“, која го држи контролниот пакет акции на Милан и е во сопственост на фамилијата Берлускони.
Според информациите од Италија, азискиот бизнисмен ќе плати 500 милиони евра за 51% од акциите на италијанскиот клуб. „Мистер Би“, како што го нарекуваат Тајланѓанецот на Апенините, имаше желба да ги купи сите акции на клубот, но Берлускони инсистираше да продолжи да има учество во него.