21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто можеме да очекуваме од новиот Galaxy Note 5

Што можеме да очекуваме од новиот Galaxy Note 5

s oo

Популарниот фаблет „Galaxy Note 5“ се очекува да биде претставен кон крајот на годината, па поради тоа се појавија шпекулации за тоа што може од него да очекуваат корисниците.

Тој најверојатно ќе биде со 5.98-инчен дисплеј со резолуција од 2.160 х 3.840 пиксели, или првиот 4K дисплеј на пазарот. Густината на екранот се очекува да е 746 пиксели, или речиси два пати повеќе од онаа на актуелниот „iPhone 6 Plus“.

Очекувањата се моделот да биде претставен и во варијанта „Edge“, кој ќе е со малку помал дисплеј од 5.78 инчи.

s oo1

Сериозно подобрување се очекува и во правец на камерата на фаблетот. Таа најверојатно ќе биде 21-мегапикселна што би било најмоќната камера, воведена на смартфон на „Samsung“. Предната камера се очекува да е 5 мегапикселна.

Многу е веројатно чипот на фаблетот да е од сопствената марка на „Samsung“ – „Exynos 7420“. Од компанијата се откажаа од чипови на „Qualcomm“ во последната шеста верзија на моделот „Galaxy S“, а тврдат дека нивните процесори „Exynos“ нудат 20% подобри перформанси и 35 % помала потрошувачка на енергија од оние на „Qualcomm“.

Батеријата на „Galaxy Note 5“ се очекува да е од 4.000 mAh, или моќ со која никој паметен телефон на „Samsung“ не располагал до моментов.

s oo2

Новиот паметен телефон речиси сигурно ќе располага со можност за плаќање, воведена во моделот „Galaxy S6“ – „Samsung Pay“. Се очекува таа да биде претставена и во варијанта „Edge“, слично на верзијата„ S6“.

На интернет се појавија информации за уште еден модел кој го подготвува компанијата. Тој е со кодно име „Zen“, а за него се смета дека е варијанта на моделот „Galaxy S6“. Според пазарни набљудувачи, најверојатно ќе е „Galaxy S6 Plus“, но може и да е во вид на „Active“ (отпорен на вода и прашина). Многу е веројатно овој модел да биде претставен следниот месец, според експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП