26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал: Ѓоковиќ е апсолутен фаворит на РГ

Надал: Ѓоковиќ е апсолутен фаворит на РГ

gr nole rafa

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакнал дека во овој момент Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за освојување на титулата на Ролан Гарос, турнир кој тој го освојувал девет пати во кариерата.

Шпанецот истакнал дека тоа може да се промени само доколку тој на турнирите во Мадирд и во Рим успее да се врати во вистинската форма.

Надал во досегашната своја кариера на Ролан Гарос загубил само еден меч, во 2009-та година од Робин Содерлинг.

Надал смета дека во пресрет на турнирот под одреден пристисок се наоѓаат и тој и Ѓоковиќ. Надал се обидува да стигне до 10-та титула во Париз, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои овој Грен слем на кој се уште нема титула.

Шпанецот се согласил дека на фаворитите им е полесно да играат и да победуваат на Грен слем турнирите бидејќи се игра во три добиени сета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП