4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите подготвија 180 милиони фунти за четворица играчи

Ѓаволите подготвија 180 милиони фунти за четворица играчи

ig man

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал е подготвен да потроши огромни суми за нови играчи во текот на летото. Според весникот „Дејли Стар“, раководството на клубот подготви нови 180 милиони фунти со кои треба да ги задоволат трансфер желбите на Холанѓанецот.

Листата на стратегот не е голема. Тој има четири желби за летната селекција – Мемфис Депај, Матс Хумелс, Натaниeл Клајн и Герет Бејл. Од четворицата најскапо би излегол Велшанецот.

Според весникот, за неговите услуги ќе бидат платени 100 милиони фунти на Реал Мадрид. Шпанците како да не сакаат да го задржат во составот, особено ако биде платена соодветна цена за неговиот потпис.

За другите тројца ќе бидат платени соодветно 30 милиони фунти на Борусија Дортмунд за Хумелс, 25 милиони на ПСВ Ајндховен за Депај и 25 милиони на Саутемптон за Клајн. Трансферите се очекува да бидат реализирани до почетокот на летната турнеја на „црвените ѓаволи“.

Имплементацијата на овие желби на Ван Гал ќе значат задолжително титула во следната сезона. За последно Јунајтед триумфираше во Премиер лигата во 2013-та година во последната сезона на Сер Алекс Фергусон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП