5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта во полуфиналето на Истокот

Атланта во полуфиналето на Истокот

i-6541875079

Екипата на Атланата се пласира во плејоф полуфиналето во Источната конференција, откако со 4-2 ја доби серијата против Бруклин.

Шестиот меч одигран во Бруклин ‘јастребите’ го добија убедливо со 111:87. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ во победата на својот тим партиципираше со само еден скок за нецели десет минути игра.

Атланта до победата ја предводеше Пол Милсап со 20 поени, 9 скока и 6 асистенции додека по 20 поени постигнаа Ал Хорфорд и Кајл Корвер.

Екипата на Атланта која во регуларниот дел од сезоната го освои првото место во Источната конференција (скор 60-22) во полуфиналето за противник ќе го има Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП