21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШестмесечна пауза за голманот на Виљареал

Шестмесечна пауза за голманот на Виљареал

Sergio Asenjo

Голманот на Виљареал Серхио Асенхо на натпреварот со Атлетико Мадрид, кој во средата неговиот тим го загуби (0:1), доживеа тешка повреда на коленото која ќе го оддалечи од фудбалските терени во наредните шест месеци.

25-годишниот Асенхо во еден бесопасен воздушен дуел го скинал предниот вкрестен лигамен на коленото. Инаку ова е трет пат во кариерата Асенхо да ја доживува истата повреда, претходно тоа му се случило во мај 2010-та кога бил член на Атлетико Мадрид и во февруари 2011-та година кога го бранел голот на Малага.

Асенхо кариерата ја започнал во Ваљадолид, во 2009-та како најталентиран шпански голман се преселил во Атлетико Мадрид каде што не успеа да се избори за место во тимот покрај Давид Де Хеа.

До минатото лето тој беше член на Атлетико, а на почетокот на оваа сезона, откако една сезона беше позајмен во Виљареал, клубот од „Ел мадригал“ го откупи неговиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП