18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветот во исчекување на боксерскиот спектакл

Светот во исчекување на боксерскиот спектакл

boksic

Најисчекуваниот и најскапиот меч во историјата на боксот, борбата меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао, ќе се одржи во ноќта меѓу саботата и неделата. Целата програма ќе започне во 3:30 часот, а главниот настан нема да започне пред 5 часот.

Мејведер и Пакјао ќе се борат за шампионските појаси во верзиите VBC и VBA во велтер категорија, но никој не крие дека финансискиот аспект е поважен дури и од самиот меч. Само од продажбата на телевизиските права организаторите ќе заработат 400 милиони долари, а кога на оваа сума ќе се додадат спонзорските договори, извесно е дека сумата ќе надмине милијарда долари.

Без оглед кој ќе победи, Мејведер ќе добие 180, а Пакјао 120 милиони долари.

Дека боксерската треска владее овие денови во Лас Вегас говори и податокот дека билетите за мечот се продадени за само 60 секунди. Само 1.000 среќници преку интернет дојдоа со златното парче хартија (цената на овие билети се движела меѓу 1.500 и 7.500 долари), додека останатите 15.500 влезници се резервирани за спонзорите, промо-тимовите на боксерите и медиумите.

Инаку домашниот боксер Мејведер кој е познат по тоа што „нема влакна на јазикот“, овојпат се обиде да ја спушти тензијата која владее во пресрет на мечот.

„Тоа ќе биде обичен работен ден. Ќе го работам она што вообичаено го работам и ќе станам побогат за 200 милиони долари, што ќе му дојде по 50 милиони долари за секое од моите деца. Значи, ова е паметен потег“, рече Американецот и повторно нагласи дека полека се наближува крајот на неговата кариера.

„Луѓето ме прашуваат за рекордот на Роки Мачано, но време е јас да се повлечам. Боксот нема да ми недостига. Можеби резултатот од 50 борби за некого е значаен, но мене тоа не ми значи многу. Парите ми се поважни од рекордите, моите ќерки нема да се нахранат од тоа што немам пораз во кариерата“.

За парите, но туѓите, зборуваше и Филипинецот Пакјао. Тој им се обрати на обложувачите со порака дека сигурно ќе ги наполнат паричниците доколку стават пари на негова победа.

„Опуштен сум, знам дека ќе победам. Ако Мејведер сака да се бори, тоа ќе биде добро за мене. Но, доколку сака да трча по рингот ќе бидам подготвен и на тоа. Сите против него излегле со идеја да го нападнат и да му зададат повеќе удари. Во претходните 19 години и 47 мечеви никој не успеал во тоа“, рекол Пакјао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП