20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ќе понуди 45 милиони фунти за Ди Марија

ПСЖ ќе понуди 45 милиони фунти за Ди Марија

di ma

Рекордното купување на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија, за кого „црвените ѓаволи“ платија на Реал Мадрид 59,7 милиони фунти во минатото лето, останува главна трансфер цел на ПСЖ.

„Светците“ беа блиску до привлекување на Аргентинецот уште пред почетокот на сезоната, но тогаш зделката беше блокирана поради фактот дека францускиот клуб не можеше да се вклопи во барањата наметнати од правилата за финансиски ферплеј.

Сега ПСЖ ќе направи нов обид, а според „Мирор“ понудата ќе биде во вредност од 45 милиони фунти.

Ди Марија до моментов не успева да ја оправда огромната сума потрошена за него, а во последните пет натпревари на Манчестер Јунајтед беше оставен на резервната клупа.

Тоа им дава надежи на парижаните дека на „Олд Трафорд“ можеби имаат тенденција да се разделат со него.

Според „Мирор“ семејството на Ди Марија не се адаптира добро со начинот на живот во Манчестер, причина која може да биде пресудна за евентуалниот трансфер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП