26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО900 милиони евра ќе добие Баерн од Адидас

900 милиони евра ќе добие Баерн од Адидас

baern-i-adidas22

Германскиот фудбалски шампион Баерн го продолжи договорот за испорака на опрема со „Адидас“ до 2030-та година за наводна сума од 900 милиони евра.

Актуелниот договор за 25 милиони евра годишно истекува во 2020-та година, но германскиот производител побрза да си обезбеди долгорочна соработка со „баварците“. Двете страни се заедно повеќе од 50 години.

„Со продолжувањето на овој договор до 2030-та година „Адидас“ ќе го продолжи своето долгогодишно партнерство со Баерн Минхен“, објави портпаролот на компанијата Оливер Бројген.

Известувањето дојде непосредно пред несреќниот натпревар против Борусија Дортмунд во Купот на Германија во вторникот вечерта.

„Адидас“ држи 8.33% од сопственоста во Баерн и Бројген додаде дека и во иднина ќе продолжат да работат со топ-отбори и федерации од светскиот фудбал.

Збирот на договорот е за околу 140 милиони евра пониска од онаа со Манчестер Јунајтед од минатото лето, но е значително повеќе од договорот на Арсенал со „Пума“ од 42 милиони евра годишно.

„Црвените ѓаволи“ ќе почнат да го носат дресот на „Адидас“ од следната сезона по 13 години партнерство со „Најк“. За последен пат „Јунајтед“ ќе е со дресовите на „Најк“ за време на американската турнеја во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП