4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта води против Бруклин, Мемфис го елиминираше Портланд

Атланта води против Бруклин, Мемфис го елиминираше Портланд

atl-bruk

Атланата славеше во петтиот меч од плејоф серијата со Бруклин (107:97) и поведе со 3-2, додека Мемфис избори пласман во полуфиналето на Западот откако серијата против Портланд ја реши во пет натпревари.

Кошаркарите на Атланта максимално ја користат предноста на домашниот терен против Бруклин, откако славеа на првите две средби, а потоа два пати загубија на теренот на противникот, работите на петтиот натпревар пред своите навивачи ги решија во првата четвртина кога создадоа предност од 17 поени (33:16).

Перо Антиќ за 18 минути колку што мина на теренот во победата на својот тим партиципираше со осум поени, четири скока и една асистенција.

Инаку сите од стартната петорка на Атланта постигнаа двоцифрен број на поени: Керол (24 поени, 7 скока, 3 асистенции), Тиг (20 поени, 8 асистенции), Хорофорд (20 поени, 15 скока), Корвер (17 поени), Милсап (10 поени, 6 скока).

Бруклин го предводеше поранешниот играч на Цибона, Алан Андерсон со 23 поени, додека целосно потфрли Дерон Вилијамс кој постигна само пет поени.

Мемфис славеше над Портланд со 99:93 ја доби серијата со 4-1 и избори конференциско полуфинале со Голден Стејт.

Марк Гасол со 26 поени и 14 скокови, односно Кортни Ли со 20 кошеви беа најефикасни во тимот на Мемфис, додека Си Џеј Меколум влегувајќи од клупата за резерви постигна 33 поени за Портланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП