4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Цедевита ја декласира Црвена ѕвезда за 1-2

АБА: Цедевита ја декласира Црвена ѕвезда за 1-2

fran-pilepic-cedevita-zvezda-finale-aba-liga

Кошаркарите на Цедевита славеа над Црвена ѕвезда со 72:62 и го намалија резултатот во финалната серија во АБА лигата на 1-2.

Цедевита која дури во петтиот меч оваа сезона ја забележа првата победа над белградскиот тим одигра беспрекорен натпревар, а во еден момент од третата четвртина имаше предност и од 22 поени.

Најдобриот тим од регуларниот дел, против Цедевита, го одигра најлошиот неч оваа сезона. Центрите на домаќинот Билан и Бараќ во целост ја добија битката со Марјановиќ што и беше клучот за победата на Цедевита.

Црвена ѕвезда повотрно играше без повредниот резервен центар Мајк Цирбес што се одрази врз играта и што може да преставува проблем во наредниот меч, бидејќи Цедевита има извонредна центарска линија.

Бараќ со 15 и Томас со 14 поени беа најефикасни кај Цедевита, додека Марјановиќ со 16 поени ја предводеше Црвена ѕвезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП