8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоп листа: Колку вработени имаат Формула 1 екипите?

Топ листа: Колку вработени имаат Формула 1 екипите?

tim fer

Двајца главни возачи за трка, резервен возач, тест возач, развоен возач, 20-тина луѓе на секој пит-стоп, инженери, механичари, техничари… Колку всушност луѓе се вработени во еден Формула 1 тим?

Според податоците, во 2014-та година Формула 1 тимовите вработиле 5.230 луѓе.

Следува листа на екипите и нивните вработени во 2014-та година. Почнуваме:

1. Ред Бул – 710

Логично е најголемите „трошаџии“ да се најголеми работодавци. За 425-те милиони евра годишен буџет, овие 710 вработени не се проблем за Матешич.

2. Ферари – 700

Маранело никогаш не смее во ништо да заостане. Вработени на нивото на Ред Бул, но со напомена дека Ферари е единствен тим кој сам си го произведува моторот и шасијата.

3. Мекларен – 630

Во вториот најтрофеен тим во „најбрзиот октански циркус“ исто така врие како во кошница. 630 луѓе на платниот список на Рон Денис е голема бројка.

4. Мерцедес – 610

Германците уште еднаш се покажаа како перфекционисти и економични. Освоија титула со помал буџет од Ферари и Ред Бул, а на оваа листа пред нив се и Мекларен, за кого тие произведуваат и мотори.

5. Вилијамс – 580

Новиот спонзор Мартини секако му овозможува на Сер Френк Вилијамс да има 580 вработени и да направи респектабилен тим кој често се вмешуваше во борбата за подиум.

6. Лотус – 500

Буџет поголем и од Мерцедес, а број на вработени рамо до рамо со големата петорка. Но, инвестицијата на Лотус во 2014-та година – тотално промашување.

7. Катерхам – 350

Иако имаше 10-ти по големина буџет (од 11 тимови) сепак во Катерхам работеа 350 луѓе. Со завршувањето на сезона 2014 – заврши и животот на екипата.

8. Форс Индија – 330

Иако јадрото на тимот е од земја со над 1,2 милијарди жители, сепак економичноста им доаѓа од нивното седиште, Силверстоун.

9. Заубер – 320

Питер Заубер се грижеше за 320 работници во својот тим, но резултатите изостанаа. Годинава ништо не се смени, освен агрегатот кој го добија од Маранело. Резултат – 5-то и 8-мо место во Мелбурн.

10. Торо Росо – 300

Речиси 60% помалку луѓе вработуваше Матешич во својот втор тим, но и покрај тоа Торо Росо има константен напредок.

11. Марусија – 200

Најмалиот буџет логично носи и најмалку вработени. 200-те вработени во Марусија имаа право да слават во Мелбурн, затоа што нивниот тим преживеа.

Извор: круг.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП