1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок во Минхен, заврши сезоната за Робен и Левандовски

Шок во Минхен, заврши сезоната за Робен и Левандовски

leva roben

Баерн Минхен во пенал рулетот го загуби полуфиналето во националниот Куп од Борусија Дортмунд (1:3), а покрај поразот дополнителни главоболки на тренерот Пеп Гвардиола му донесоа повредите на Аријен Робен и Роберт Левандовски.

Холанѓанецот најверојатно ја заврши сезоната, додека полскиот репрезентативец е неизвесен за првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите против Барселона.

Гвардиола до последен момент размислуваше дали да му даде шанса на Робен, кој поради повредата на мускулот на абдоменот не играше од 22-ти март. Холанѓанецот влезе во игра во 68-ма минута, а 15 минути подоцна го напушти теренот поради повреда, овојпат на мускулот од листот на левата нога.

Левандовски, пак, по мечот завршил в болница поради потрес на мозокот. Полскиот напаѓач во 117-та минута остана да лежи на тревата по воздушниот дуел со голманот на Борусија, Лангерак.

Покрај потресот на мозокот, Левандовски се здобил со фрактура на носот и на горната вилица.

Баерн кој веќе ја обезбеди титулата во Бундеслигата, на 6-ти мај ќе го одигра првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите против Барселона. Тренерот Гвардиола има големи проблеми со повредите на своите играчи, Алаба и Бадштубер веќе ја завршија сезоната, додека неизвесно е дали за овој меч ќе биде Франк Рибери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП