Ракометниот клуб Металург добил специјална покана од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за настап во Лигата на шампионите во наредната сезона. Во ЕХФ не ги заборавиле успесите на клубот од Автокоманда кој во последните три сезони играше во Топ 16 фазата, а две години беше дел од најдобрите осум во Европа.
Металург во февурари остана без комплетниот состав, но продолжи да се натпреварува со ракометари од сопствениот младински погон и неколку засилувања од странство, треба да биде вториот македонски преставник во Лигата на шампионите, заедно со Вардар кој ќе избори директен пласман.
Сепак, за да ја верификува својата специјална покана, од ЕХФ бараат Металург да состави тим кој ќе биде далеку посилен од екипата со која во моментов располага. ЕХФ му дала рок на Металург до 10-ти јуни да испрати список со играчи со кои би играл во Лигата на шампионите, секако со простор тој тим дополнително да се засилува во летниот преоден рок.