17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ: Блан и Ибрахимовиќ не одат никаде

ПСЖ: Блан и Ибрахимовиќ не одат никаде

blan ibra

Претседателот на ПСЖ, Насер Ел Келаифи, рекол дека тренерот Лоран Блан и напаѓачот Златан Ибрахимовиќ ќе останат во клубот и во наредната сезона.

Во интервју за весникот Паризијен, Ел Келаифи рекол дека во клубот не размислуваат за некои радикални промени во летниот преоден рок.

Запрашан дали Блан ќе остане тој одговорил: „Секако дека ќе остане. Неоправдани се критиките кон него“.

Исто така тој рекол Ибрахимовиќ ќе биде во клубот и во наредната сезона.

„За ова не вреди да се разговара. Тој останува и наредната сезона, тоа е сигурно. Истото важи и за Хавиер Пасторе“, рекол Ел Келаифи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП