10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧудо во Италија! „Малиот“ Капри ќе игра во Серија А!

Чудо во Италија! „Малиот“ Капри ќе игра во Серија А!

carpi

Фудбалерите на „малиот“ Капри, прв пат во својата историја, обезбедија пласман во италијанската Серија А.

„Бело-црвените“ како што го нарекуваат тимот кој настапува на стадионот „Сандро Кабаси“, чии капацитет е само 4.144 места, во 38-мото коло одигра 0:0 со Бари и математички на четири кола до крајот на сезоната во Серија Б обезбеди пласман во најсилната италијанска конкуренција.

Капри е основан во 1909-та година, клубот пред 15 години банкротираше по што започна да се натпреварува од најнискиот ранг. Реформите во клубот покажаа резултати, тимот пред пет години од Серија Д се пресели во професионалниот ранг, а по три сезони во Серија Б тимот избори пласман во најквалитетното фудбалско друшто во Италија.

Капри има буџет од нешто повеќе од три милиони евра, што е двојно помалку од годишната плата на напаѓачот на Јувентус, Карлос Тевез.

Инаку Капри е мал град со околу 70 илјади жители, што е на пример помалку од капацитетот на стадионите во Милано и во Рим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП