Светската фудбалска федерација (ФИФА) темелно го истражува работењето на мадридските клубови Реал и Атлетико. Доколку наводите од истрагат бидат потврдени тогаш мадридските великани ќе се соочат со судбината на Барселона, односно ќе им бидат забранети трансфери до летото 2016-та година.
Како што наведува шпанското радио „Ел Ларгуеро“, Реал и Атлетико би можеле да добијат забрани за трансфери во два последовни преодни рокови бидејќи „повеќе пати ги прекршиле правилата за трансфери на малолетни фудбалери“.
Реал и Атлетико известувањето за можната казна треба да го добија во наредните неколку денови. „Кралскиот клуб“ е свесен дека може да биде казнет со оглед на тоа иако сезоната не е завршена веќе ги реализира трансферите на Асенси, Данило, Лукас Силва и Мартин Едегард.
Доколку мадридските екипи бидат казнети тие до летото 2016-та година нема да бидат активни на фудбалскиот пазар.
Поради кршења на правилата околу трансферите на малолетните играчи Барселона во 2015-та година не смее да биде атктивна на трансфер пазарот.