22 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХјустон во полуфиналето, „рибрејк“ на Сан Антонио

Хјустон во полуфиналето, „рибрејк“ на Сан Антонио

hju dalas

Хјустон го елиминираше Далас со вкупни 4-1 и избори пласман во полуфиналето во плејофот во Западната конференција, додека актуелниот првак Сан Антонио го врати брејкот и поведе во серијата против ЛА Клиперс со 3-2.

Хјустон во петтиот меч од серијата со Далас славеше со 103:94. Хјустон по пауза од шест години успеа да ја мине првата рунда од плејофот. До победата „Ракетите“ ги предводеше Џејмс Харден со 28 поени, 8 асистенции но и 6 загубени топки. Популарниот „брада“ голема помош имаше од Двајт Хауард (18 поени, 19 скокови) и Џош Смит кој влегувајќи од клупата постигна 20 поени.

Кај Далас се истакнаа Монта Елис со 25 поени и Дирк Новицки со 22 поени и 14 скокови.

Актуелниот првак Сан Антонио со победата во Лос Анџелес (111:107) повторно му ја одзеде предноста на домашниот терен на тимот на Клиперси и поведе во серијата со 3-2.

Ветеранот Тим Данкан одигра уште еден одличен меч (21 поен, 11 скокови), а уште петмина негови соиграчи постигнаа двоцифрен број на поени: Ленард 18, Џинобили 14, Паркер и Бејнс по 13 и Диао 10.

Клиперси ги предводеше Блејк Грифин со 30 поени и 14 скокови, Крис Пол имаше учинок од 19 поени и 10 асистенции, а Деандре Џордан мечот го заврши со 21 поен и 14 скокови.

Екипата на Хјустон во полуфиналето ќе игра против победникот од серијата помеѓу Сан Антонио и ЛА Клиперс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар