Борусија Дортмунд избори пласман во финалето на германскиот Куп, откако во полуфиналето го елиминираше големиот ривал Баерн.
Натпреварот на „Алијанц арена“ беше решен во пенал серијата откако по 120 минути игра резултатот беше 1:1.
Баерн беше доминантен во првиот час игра и преку поранешниот играч на Борусија, Левандовски во 30-та минута стигна до предност.
Во второто полувреме Баерн беше оштетен за пенал, судијата не го санкционираше играњето со рака во шеснаесетникот на Шмелцер, а веднаш потоа Левандовски ја погоди гредата.
Борусија се раздвижи по 65 минута, а влегувањето на Мхтаријан донесе израмнување за ‘жолто-црните’. Ерменскиот репрезентативец нафрли, Обамејанг го совлада Нојер.
Во последните десет минути Нојер два пати го спречи Ројс да го реши натпреварот, додека во продолжението Швајнштајгер имаше две изгледни шанси но не успеа да погоди.
Во пенал серијата голови постигнаа само Гундоган и Кел, додека четворица играчи на Баерн не реализира (Лам, Чаби Алонсо, Геце и Нојер), за Борусија пенал не реализираше Хумелс.
Покрај елиминацијата сите во Баерн ги загрижи новата повреда на Робен, Холанѓанецот кој пропушти седум натпревари се врати во тимот, влезе во играта во 68-ма минута, но само 15 минути подоцна замина во соблакувалната.
Борусија во финалето, кое ќе се одигра на 30-ти мај во Берлин, ќе игра против победникот од полуфиналето помеѓу Арминија Билефелд и Волфсбург.