18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриото на Барса го декласираше Хетафе

Триото на Барса го декласираше Хетафе

Luis Suarez

Барселона го декласира Хетафе со 6:0 во 34.коло во Примера, а напаѓачкото трио на ‘балуграна’, Меси-Нејмар-Суарез стигна до 102 гола оваа сезона.

Барса до победата ја предводеше најдобриот напад во светот на фудбалот, Меси и Суарез постигнаа по два гола, плус  Аргентинецот запиша една, а Уругваецот две асистенции. По еден гол за Барса постигнаа Нејмар и Чави.

Меси сезонава има постигнато 49, Нејмар 32, а Суарез 21 вкупно 102 на 49 натпревари. Нападот на Барселона го сруши клупскиот рекорд кој во сезоната 2008/2009 го поставија Меси-Ето и Анри.

По овој натпревар Барселона повторно има пет бодови предност во однос на Реал кој својот меч од 34.коло ќе го одигра в среда против Алмерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП