20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Вардар победи во дербито

ПМФЛ: Вардар победи во дербито

prva-mak-liga

Вардар славеше над Работнички со 2:0 во дербито кое се беше комплетирано 27.коло во Првата македонска фудбалска лига. Претходно победа забележа и Шкендија и тоа убедлива од 4:0 во Турново.

Вардар против актуелниот шампион славеше со головите на Гроздановски и Блажевски постигнати во 22. и 39.минута од натпреварот. ‘Црвено-црните’ во плеј офот за шампионската титулата влегуваат со шест бода предност во однос на Работнички.

Шкендија во Турново славеше убедливо со головите на Вручина, Алими, Кировски и Јуфо. Плејофот Шкендија ќе го започне од третото место.

Табела: 1. Вардар 61 2. Работнички 55 , 3. Шкендија 47 , 4. Ренова 44, 5. Силекс 34, 6. Металург 33, 7. Турново 30 , 8. Брегалница 30, 9. Пелистер 22, 10. Тетекс 11.

Натпреварите во плејоф и плејаут лигата ќе стартуваат в недела.

Плејоф: Вардар-Металург, Работнички-Силекс, Шкендија-Ренова

Плејаут: Турново-Тетекс, Брегалница-Пелистер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП