Форматот по кој се играат Евролигата и Еврокупот нема да се менува во наредната сезона, објави кошаркарската Евролига.
Иако имаше шпекулации дека Евролигата би можела да брои 16 тимови, наместо досегашните 24, челниците на најквалитеното кошаркарско натпреварување се откажаа од оваа идеа, што значи дека регионалната АБА лига ќе биде застапена со два тима.
„Во сезоната 2015/2016 во Евролигата ќе играат 24, а во Еврокупот 36 екипи“, се наведува меѓудругото во соопштението на Евролигата.
Клубовите имаат рок до 15-ти мај да ја достават потребната документација за учество во овие натпреварувања, а се очекува на 8-ми јули да биде објавен списокот на тимовите кои ќе учествуваат во овие две натпреварувања.
Во наредната сезона од АБА лигата во Евролигата ќе играат Црвена Ѕвезда и Цедевита.