16 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите в среда ќе ја пречекаат Франција

Ракометарите в среда ќе ја пречекаат Франција

makedonija-rakomet2-520x330

Ракометната репрезентација на Македонија, во среда, во квалификациите за пласман на европското првенство ќе ја пречека Франција, селекција која владее со светскиот ракомет. Публиката во СЦ „Борис Трајковски“ на дело ќе може да ги види ракометарите кои се актуелни европски, светски и олимписки шампиони.

Карабатиќ и дружината се фаворити во овој двомеч, но од македонскиот табор порачаа дека доколку се укаже шанса да биде забележан позитивен резултат истата ќе биде искористена.

Инаку селекторот на Македонија, Ивица Обрван, во пресрет на натпреварот се соочува со одреден кадровски проблеми, Ренато Вугринец откажа поради семејни причини, Никола Маркоски е повреден, додека поради повреди неизвесни за мечот се Наумче Мојсовски и Велко Маркоски.

„Играме два натпревари против најдоминантната репрезентација во светот во последните 10 години. Шансата за изненадување ќе ја бараме на првиот меч кој ќе го играме во Скопје, полната сала ќе биде нашата предност иако многу од француските репрезентативци веќе ја имаат почувствувано атмосферата во Скопје. Во сите елементи на играта ќе мора да одиграме над нашите можности, голманите ќе треба да бидат на ниво, а ќе ни биде потребна и среќата“, рече на прес конференцијата селекторот Обрван.

Во пресрет на овој дуел Франција е лидер во групата со четири бода, Македонија има три два повеќе од Чешка додека Швајцарија е последна без освоен бод.

Мечот во Скопје ќе се одигра в среда (20:15), додека реваншот во Тулуз на програмата е на 3.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП