
Даниел Алвес има тенденција да остане во составот на Барселона за барем уште една година, пишуваат во Шпанија.


Даниел Алвес има тенденција да остане во составот на Барселона за барем уште една година, пишуваат во Шпанија.
Бразилскиот репрезентативец донел конечна одлука и нема начин да ја промени, соопштува радио „Cope“.
31-годишниот дефанзивец сака да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“, игнорирајќи ги понудите на францускиот шампион ПСЖ и англискиот гигант Манчестер Јунајтед.
Тренерот Луис Енрике инсистирал пред клупското раководство да биде направено се што е можно за Бразилецот да остане во тимот.
Засега од Барселона нема потврда за оваа информација, но доколку овие информации се вистинити, може наскоро да очекуваме и официјално соопштение од каталонскиот гигант.