1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити подготвил 30 милиони фунти за Џек Вилшир

Сити подготвил 30 милиони фунти за Џек Вилшир

Wilshere-Arsenal-gossip-573385

Се уште актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, подготвил сума од 30 милиони фунти за трансфер на играчот на Арсенал, Џек Вилшир, пренесоа британските медиуми.

Според истите извори, Сити нема намера да се откаже од трансферот на англискиот репрезентативец, иако во Арсенал тврдат дека тој не е на продажба.

„Граѓаните“, во летниот преоден рок ќе се засилуваат во редот за врска бидејќи ќе останат без својот најдобар фудбалер, Јаја Туре, кој по пет години ќе си замине од клубот.

Манчестер Сити оваа сезона ќе ја заврши без освоен трофеј, откако отпаднаа од Лигата на шампионите, како и од ФА и Лига купот, а во првенството по 34 одиграни натпревари имаат десет бодови помалку од лидерот Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП