14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRitter Sport го губи профитот поради падот на рубљата и скапите јаткасти...

Ritter Sport го губи профитот поради падот на рубљата и скапите јаткасти плодови

ritter_sport

Познатата германска компанија за производство на чоколади „Ritter Sport“ стравува од пад на профитот во оваа година поради кризата во Русија и високите цени на јаткастите плодови, јавува Дојче веле.

„Русија е нашиот најголем странски пазар. Падот на курсот на рубљата, нормално, претставува проблем за нас“, изјави директорот на „Ritter Sport“ Андреас Ронкен.

Уделот на Русија во прометот на компанијата изнесува 10 проценти. Минатата година приходите на „Ritter Sport“ во Русија изнесувале 430 милиони евра. Ронкен верува дека оваа година приходите ќе продолжат да растат, но стравува за обемот на чистата добивка.

Во врска со тоа, тој исто така укажа на поскапувањето на јаткастите плодови, кои се втори по важност суровини за производство на чоколада, зад какаото.

Андреас Ронкен, притоа, не наведе никакви конкретни цифри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП